Кумановчанец ја крена полицијата на нозе
29-годишен кумановчанец ја крена полицијата на нозе откако пријави дека има поставено бомба под неговиот автомобил „фиат мареа“ со кумановски регистарски таблички паркиран пред неговата зграда на булеварот „Октомвриска револуција“. Сепак, пријавата била лажна.
Од полицијата потврдија дека кај нив случајот е пријавен во 8 часот и 30 минути од истото лице.
По извршениот увид на СВР Куманово и на Одделот за антитероризам при МВР не е пронајдена експлозивна направа. Во моментот се обавува разговор со лицето, потврди полицијата.
31.03.2016 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа