Вардар јуниор лига: Континуиран систем на натпревари носи резултат
Ракометната Академија на Вардар има свои единици низ цела Македонија. Една од школите што е во склоп на Академијата доаѓа од Гостивар. Тренерот Алкан Алиу повеќе од 10 години работи како наставник по физичко воспитување, а трета година и тренер по ракомет. Откако ГРК Гостивар е дел од Академијата на Вардар постојано се зголемува и бројот на деца кои решаваат да почнат да ги учат тајните на ракометот. Со почнувањето на натпревари во Вардар јуниор лигата, децата имаат и натпревари преку кои напредуваат, но истовремено се воспоставуваат и нови познанства. Вардар јуниор лигата не е само натпреварување, туку и место за дружење на децата од сите возрасти и градови.
Со кој мотив започнавте да работите со деца и колку членови имате во вашата школа?
Ракометната академија Градски Ракометен клуб Гостивар е дел од Академијата на Вардар. Веќе 10 години работам како наставник по физичко и здравствено образование, а ова ми е трета година што работам плус како тренер по ракомет. Во нашата школа имаме над 70 деца од различни возрасти. Таа бројка постојано се зголемува и тоа навистина не радува. Работата со деца носи мотив плус, мотивација бидејќи добиваат нови знаења, а ние сме среќни што можеме истите да ги гледаме како стануваат дел од едно спортско семејство.
Дел сте од Ракометната академија на Вардар. Што значи за вас да работите во една ваква голема организација?
Лично за мене ова е голем успех, предизвик и мотивација да се работи на ваква голема организација. Би препорачал на сите, не само на другите колеги, туку и на оние кои досега не биле вклучени во вакво систем на натпревари да се придружат во ракометната академија на Вардар. Можеби одзема време од она слободно што го имаме, но задоволството е големо, особено кога се гледа како истите деца напредуваат, растат и ги совладуваат сите ракометни вештини, а притоа стануваат и одговорни во извршување на задачите.
Како гледате на проектот на Вардар јуниор лигата? Која е разликата на тренирање деца со тренинзи и по некој натпревар во однос на континуиран систем на натпреварување?
Не треба само со тренинзи, туку и континуираните натпревари. Имаат голема разлика, со одигрување натпревари на две недели, еднаш месечно или само играње на пријателски средби, отколку да се биде дел од еден систем, каков што е на пример Вардар јуниор лигата. Децата се запознаваат меѓу себе, се натпреваруваат, се обидуваат да бидат подобри и секој си го знае своето место, како што треба да се игра, кои што ќе шутне, како ќе одлучи на шут итн. Затоа има голем ефект Вардар јуниор лигата и за иднината на децата, бидејќи има и системи на препознавање на талентите.
Дали гледате некои вистински таленти од вашето школо?
Во моето школо има таленти во генерацијата 2000/01 има 3 таленти за кои претпоставувам дека до другата година ќе бидат во Вардар, во генерацијата 2002/03 има две деца, во 2004/05 се уште се млади, но посебно кај оваа генерација мислам дека има многу повеќе од другите генерации,но нормално нив им треба уште време, уште се мали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа