Гери Невил доби отказ од Валенсија

 

Досегашниот тренер на Валенсија, Гери Невил доби отказ на позицијата која ја имаше од 2 декември 2015 година.

geri-nevil

На негово место до крајот на сезоната на клупата на Валенсија ќе биде 53-годишниот Пако Ајстаран, кој во еден период беше и помошник тренер во Ливерпул.

Невил имаше серија лоши резултати како тренер на Валенсија и не успеа да победи на ниту еден од првите девет натпревари. Притоа неговата екипа беше елиминирана и од Купот на Шпанија и од Лига Европа.

Валенсија во моментов се наоѓа на 14. место во Примера со 34 бодови или само шест повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање. Воедно оваа екипа има и серија од три порази. До крајот на Шампионатот во Шпанија остануваат да се одиграат уште осум кола.

 
 
30.03.2016 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега