Загреб: Избегната страшна железничка несреќа

 

Избегната страшна несреќа на железничката станица во Загреб во средата вечера во 22:05 часот, откако вагон преполн со луѓе излетал од 10-от и 11-от колосек. Малку фалело истиот да заврши во електричен столб под напон од 24,000 волти, кој ги држел електричните водови. 

Како вистински херој се покажал 24 годишното момче кое работело во железницата З.С. Трагедијата можела да заврши уште пострашно со оглед на тоа што во вагонот кој што бил со капацитет од 120 лица, се наоѓале малолетници. Првичните шпекулации дека како главна причина за несреќата била сингнализациониот уред  кој бил пуштен во употреба само пред три месеци засега не се утврдени со сигурност. 

Од тамошните служби ваквиот настан го окарактеризираа како собраќајна несреќа во која не биле загрозени патниците. Имено возот по поаѓањето од главната железница за Сплит доцнел само пет минути и заради тоа јавноста не беше веднаш информирана за инцидентот. 

најчитано сега