ВИДЕО: Еве кој го тренира Новак за Вимблдон

 

Тениската ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, наскоро треба да почне да игра на Miami Open, а неодамна се појави на шоуто на Елен Деџенерис  да зборува за неговиот успех, семејството и да поиграат тенис кој Елен го крстила „Скрши го твоето лице“.

Тенисерскиот првак се согласи со Деџенерис дека моментално најдобро игра тенис.

„Да, дефинитивно моите способности моментално се на врвот… Многу работи ми се склопија како во приватниот, така и во професионалниот живот, па најдов хармонија и баланс кој ми дозволува максимално да го искористам мојот потенцијал“ – вели Ѓоковиќ.

„Го ценам секој момент кој го поминувам на теренот“ – додава.

Ѓоковиќ исто така наведе дека некои од неговите најголеми соперници моментално се Роџер Федерер, Енди Мари и Рафаел Надал, но и дека очекува многу од Милош Раониќ и Григор Димитров.

Се договорија со Елен да вежбаат, а во меѓувреме да поиграат со Елен игра која таа ја нарекува „Скрши го твоето лице“.

 
 
23.03.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега