Горан Пандев се приклучи на македонската фудбалска репрезентација
По две и полгодишна пауза од дресот на фудбалската репрезентација Македонија, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, и официјално денеска се врати во најдобриот тим.
Пандев го прифати повикот на селекторот Игор Ангеловски да биде дел од тимот кој во наредните неколку дена ќе одигра два контролни, пријателски натпревари против Словенија и Бугарија.
Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Џенова им се приклучи на останатите репрезентативци кои од денеска се во Копер, каде в среда од 18 часот ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Словенија.
За Пандев, кој за Македонија досега има одиграно 75 меча и постигна 26 голови, ова ќе биде прв настап во црвено-жолтиот дрес, по мечот со Велс (11 октомври 2013 година) во рамките од квалификации за СП во Бразил, по што струмичанецот го пропушти целиот евроквалификациски циклус за Евро 2016 во Франција.
Враќањето на Пандев пред македонската јавност ќе биде вториот пријателски меч со Бугарија закажан за 29 март на арената „Филип Втори’’ во Скопје, на која за последен пат настапи на дуелот против Шкотска на 10 септември 2013.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа