Нема крај на проблемите за Шарапова: Нов тежок удар за Руската тенисерка

 

Обединетите нации ја суспендира руската тенисерка Марија Шарапова како амбасадор на добрата волја, откако призна дека била позитивна на допинг тест поради употреба на мелдониум на овогодинешното отворено првенство во Австралија.

Програмата за развој на ОН УНДП, која во 2007 година ја прогласи Шарапова за амбасадор на добрата волјда, ја суспендираше Русинка се додека не бидат познати резултатите од истрагата против неа.

-По објавата која ја даде Шарапова, ја суспендиравме нејзината улога како амбасадор и сите планирани активности додека трае истрагата. На Шарапова и посакуваме се најдобро, се вели во соопштението на УНДП.

Тенисерката со ОН соработуваше најмногу за помош на преживеаните во катастрофата во Чернобил од 1986 година.

Во соопштението се наведува и дека програмата и е благодарна на Шарапова на нејзината поддршка во нивната работа.

Руската тенисерка ги губи спонзорите откако на 7 март објави дека била позитивна на допинг тест. „Најк“, „Тај Ојер“ и „Порше“ ги суспендираат сите врски со неа.

 
 
15.03.2016 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега