Скратен списокот на машката ракометна репрезентација за Олимпијада - еве кој е на листата
Селекторот на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван денеска го соопшти списокот со ракометари кои ги повика за стартот на подготовките за квалификацискиот турнир за Олимписките игри 2016.
Хрватскиот стручњак од првично повиканите 28 го скрати списокот на 20 ракометари.
На списокот на Обрван се наоѓаат:
1.Борко Ристовски
2.Даниел Дупјачанец
3.Никола Митревски
4.Дејан Манасков
5.Гоце Ојлески
6.Гоце Георгиевски
7.Никола Костески
8.Стојанче Стоилов
9.Жарко Пешевски
10.Никола Маркоски
11.Филип Лазаров
12.Аце Јоновски
13.Филип Миркуловски
14.Наумче Мојсовски
15.Немања Прибак
16.Кирил Лазаров
17.Влатко Митков
18.Филип Талески
19.Филип Кузмановски
20.Велко Марковски
Првиот собир ќе се одржи на 1 април 2016 година во Скопје.
Македонија во периодот од 8 до 10 април 2016 ќе настапи на квалификацискиот турнир за Олимпијадата што ќе се игра во Гданск, Полска. Во квалификациската група македонската репрезентациите ќе игра со Тунис, Чиле и домаќинот Полска.
Најдобрите две репрезентации од групата ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Рио.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа