Законот за единствен матичен број изгласан под итна постапка во БиХ
Денеска во БиХ пратениците во Претставничкиот дом по итна постапка го изгласаа Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за единствен матичен број. Ова дојде откако вчера Советот на министри едногласно го утврдија и го упатија предлог законот во парламентарна процедура.
Со овој закон регистрациските подрачја се прилагија на територијалната организација на БиХ во согласност со Уставот на БиХ и Изборниот закон, беше образложено во парламентот. Тоа значи дека има девет регистрациски подрачја во рамки на ентитетските линии, и тоа три во Република Српска, едно во Дистриктот Брчко и пет во Федерацијата БиХ.
Според законот единствените матични броеви издадени според досегашните прописи не подлежат на промени, пренесоа босанските медиуми.
Додека траеше дебатата во Парламентот и гласањето за истиот голем број на граѓани се собраа пред вратите на зградата протестирајќи против истиот поради тоа што како што велат ваквото решение БиХ се дели.
Заради овој закон од почетокот на јуни постојано се оддржуваа протести на граѓаните во кои беше блокирана и зградата на државните институции на БиХ, по што пратениците од Република Српска, но и хрватските партии не одеа на работа во Сараево се додека не им се гарантираше безбедноста.