ВИДЕО: Невиден резил за македонскиот фудбал: Погледнете што направи судијата
Тетовска Шкендија доби неверојатен подарок од судијата Константин Влахо на денешниот меч против Младост Царев Двор на стадионот во Чаир, но тетовци и тоа не успеаа да го искористат, откако Бесар Ибраими промаши цел гол.
На очајниот и поплавен терен во Чаир, Влахо во 49-та минута досуди на белата точка, иако Жуниор се лизна и сам падна. Тетовци во првиот дел неколкупати се обидеа да изнудат пенал, но Влахо остана нем и во првиот обид во вториот дел свирна на белата точка. Ибраими две минути подоцна, по бурната реакција на Младост, го промаши целиот гол.
Спортмедиа
07.03.2016 - 21:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа