Статус кво во македонскиот фудбал - продолжува стагнацијата на репрезентација

 

Очигледно дека не му се предвидува светла иднина на македонскиот, веќе и времињата кога беше неуспех и да се помисли дека не би биле во првите 100 се далечно минато. Македонската фудбалска репрезентација не го промени својот пласман на најновото рангирање на ФИФА листата и остана на 138.место.

Најдобро пласирана на мартовското рангирање од противниците во квалификациската група за СП 2018 е Шпанија које е трета. Следна е Италија (14.место), Албанија е 35-та, Израел 67-ми, а најслаб пласман има Луксембург (142.место).

Нема промени ниту во ТОП 10. Води Белгија пред Аргентина и Шпанија, а по нив следуваат: Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 7 април.

 
 
03.03.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега