ХОРОР ВО СОЛУН: Прекината утакмицата меѓу ПАОК и Олимпијакос
Натпреварот од полуфиналите на Купот на Грција помеѓу ПАОК и Олимпијакос е прекинат во финишот поради нередите кои ги предизвикаа навивачите на солунскиот тим.
Натпреварот е прекинат при водство на Олимпијакос со 2:1, после исклучувањето на стрелецот на единствениот гол за ПАОК Роберт Мак.
Најпрво тренерот на гостите Марко Силва беше погоден со шише вода во грбот, а потоа навивачите на домаќините почнаа на теренот да фрлаат се што им дојде при рака. Летаа столици, бакљи...
Солунската полиција не успеа да ја смири ситуацијата, па одлучено е натпреварот да биде прекинат.
ПАОК поведе со голот на Мак, а Олимпијакос со головите на Камбијасо и Фустер успеа да го сврти резултатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа