УЕФА разгледува опција натпревари на ЕУРО 2016 да се играат без публика
Директорот на Европското првенство 2016, кое ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули, Мартин Кален изјави дека е можно термините на одредени утакмици да се менуваат.
Според последните информации од Франција, постои можност и одредени утакмици да се играат без публика, доколку се оцени дека сигурноста на гледачите тоа го наложува.
- Сигурноста е приоритет. Ако процениме дека мора да промениме термин на одигрување на некои утакмици, тогаш има и можност да се игра и без гледачи, затоа што не би имале време да стигнат на утакмицата, вели Кален.
Шефот на локалниот огранизациски одбор, Жак Ламберт вели дека сепак можноста да се игра без публика е премногу мала.
Се очекува на 51 утакмица, на 10 стадиони во Франција, да уживаат околу 2,5 милион фанови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа