Вардар оди на победа против Сегед за избегнување на петтото место

 
 
Македонскиот ракометен првак Вардар денеска игра значаен натпревар со Пик Сегед, во претпоследното коло од групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите.
 
Со евентуална победа Вардар ќе дојде многу блиску до третото место во групата, а во спротивно ќе биде тешко да го избегне петтото место, што значи условно потежок противник во следната фаза.
 
- Овој натпревар е многу, многу важен, можеби и најважен во сезоната затоа што ни зависи пласманот за понатаму. Ако загубиме, најверојатно ќе одиме на Кил во осминафиналето, што е многу тешко, затоа сите сме свесни дека мора да влеземе на теренот максимално спремни и тактички и психолошки. Свесни сме за тежината на натпреварот, па се надевам на најдобар резултат, изјави столбот на одбраната на „црвено-црните“ Илија Абутовиќ.
 
Вардар ќе влезе во натпреварот со 14 бода, еден помалку од Пик Сегед и од Рајн-Некар, кои се трети и четврти.
 
Почетокot е во 17 часот и 30 минути.
 
 
28.02.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега