Лига Европа никогаш посилна: Најголемото англиско дерби, Дортмунд во Лондон, Лацио помина најлесно

 

 

Време е за сериозен фудбал и во четврток. Лигата на Европа никогаш не изгледала волку силно. Ждрепката во Нион донесе доста интересни дуели.

Без никакви дилеми дерби на 1/8 финале е дуелот меѓу Англиските великани, двата најголеми клубови на островот, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кои ќе ги вкрстат копјата за пласман четвртфиналето. Второто големо дерби е двомечот меѓу Борусија Дортмунд и Тотенхем, првиот натпревар се игра на Вестфален.

Најдобро од сите помина италијаски Лацио, тој ја доби Спарта Прага. Ниту Фенербахче не може да се жали, тие одат на двомеч со Брага.

Парови 1/8 финале ЛЕ:

Атлетик Билбао - Валенсија

Виљареал- Баер Леверкузен

Ливерпул - Манчестер Јунајтед

Борусија Дортмунд - Тотенхем

Спортинг Брага - Фенербахче

Спарта Прага - Лацио

Шахтјар - Андерлехт

Базел - Севиља

 

 

 

 

 

 

 
 
26.02.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега