На фудбалската легенда и се заканува затвор - го критикуваше Ердоган

 

Некогаш најголемата фудбалска ѕвезда во Турција, се наоѓа во доста непријатна ситуација, Хакан Шукур би можел да добие до 4 години затвор откако на социјалните мрежи го критикуваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, тврди агенцијата Доган.

Сега 44 годишниот Шукур преку Твитер јавно ја критикуваше политиката на Ердога, а се осврна и на криминалната работа на неговиот син. Според важечките закони во Турција, еден од најдобрите турски играчи во историјата, позади решетки ќе помине 4 години.

Тој во својата кариера има 112 натпреври за репрезентацијата на Турција, на кои има постигнато 51 гол, а беше најзаслужен за успехот на Турција на Светското првенство во 2002 година, каде завршија на третото место. После фубалската кариера, тој во 2011 влезе во политиката, беше пратеник од партијата на Ердоган, АКП. Владеачката партија ја напушти пред три години, кога прејде во редовите на опозициската партија на Фетхулах Ѓулен.

 
 
24.02.2016 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега