Хаос во Скопје: Поголема група хулигани го демолира ГТЦ

 

Полицијата гони засега непозната група која демолирала во околината на Градскиот трговски центар во близина на хотелот „Холидеј Ин“, објави порталот Нова ТВ.

Очевидци велат дека групата момчиња кршела прозорци и фрлала маси од околните кафеани. Регистрирано е присуство на специјалните единици и бркотници помеѓу групата и полицијата. 

Полицијата се уште не потврдува за што се работи. Извори за Нова велат дека групата е дел од навивачите кои се во Скопје да го следат натпреварот помеѓу „Будуќност“ и „Вардар“, натпревар под силно полициско обезбедување. Навивачите на „Будуќност“ од Црна Гора и „Балистите“ од „Шкендија“ денеска се судрија на превојот Стража при што 15 од нив беа повредени.

 
 
21.02.2016 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега