Судењето на скопската фризерка продолжува во петок

Денеска во Основниот суд Скопје 1 започна судењето на скопската фризерка Благица Дончевска која е обвинета за станбена измама, бидејќи измамила 40 граѓани нудејќи лажни станови.

Фризерката со солзи во очите и видно вознемирена тврдеше дека не е измамничка, туку дека и таа била измамена: - ''Не сум се претставувала како владин претставник за да нудам станови. Проектот ми го претстави роднина кој ни понуди , а јас и мојот сопруг прифативме и уплативме 35 000 евра за пакет од три стана. Им кажавме и на нашиот кум и старосват и тие уплатија за стан, но потпишаа нотарски договор дека му дадоа пари на мојот роднина. Ние немаме никаков документ. Парите ги дадовме на доверба. '' тврдеше обвинетата Дончевска, пренесе Вест.

Обвинетата во своја одбрана рече дека ги понудила ефтините станови на неколку лица кои потоа го ширеле кругот на уплатувачи, а за тоа дел од нив земале и провизија.

Судењето на скопската фризерка ќе продолжи во петок.

 

 

најчитано сега