Манчестер Јунајтед остана без главниот напаѓач
Капитенот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни најверојатно два месеца ќе отсуствува од терените. Ова денеска го најавија британските медиуми. Капитенот на „црвените ѓаволи“ има повреда на коленото.
Сигурно е дека Руни утре нема да биде во составот за дуелот од Лига Европа против данската екипа Митјиланд. Се очекува менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луи Ван Гал вечерва да ја објасни ситуацијата со повредата на Руни.
Покрај натпреварите од Премиер лигата Руни, ќе ги пропушти и дуелите од ФА купот и од Лига Европа, а постои можност да ги „прескокне“ и пријателските натпревари на Англија со Германија и со Холандија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа