„Михаел веќе не е со нас и многу ни недостасува но не можеме да ја промениме судбината“
Лука ди Монтеземоло, пред десетна дена ја шокира светската јавност кога рече дека „вестите околу состојбата на Михаел Шумахер не се добри“. Седумкратниот светски првак во Формула 1, пред 24 месеци доживеа тешка несреќа на скијањето во француските Алпи и оттогаш се бори за својот живот.
Шумахер на почетокот на летото минатата година беше префрлен на домашно лекување, за неговото здравје се грижи тим од доктори, но подетални информации околу неговото здравје нема.
Семејството успеа целосно да се изолира од новинарите, а единствени за релеванти се сметаат информациите кои доаѓаат од портпаролката Забине Кем.
„Михаел не е тука со нас и секако дека ни недостасува. Сите знаеме што се случи и не можеме да влијаеме на судбината. Мораме да се соочиме со фактите и да се надеваме дека сé ќе биде во ред. Му треба поддршка и трпение, за еден ден да може повторно да биде со нас“, рекла Кем, без да ја коментира изјавата на Монтеземоло
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа