Експлозија во Виница: Уништени куќи, сендвичари, возила

 

Во 6 часот изутрина во полицијата во Виница телефонски било пријавено дека во сендвичарата на 31-годишниот Б.С. од Виница, избувнал пожар и потоа настанала и експлозија, од која целосно е уништена сендвичарата. Од експлозијата дошло до оштетување на соседниот помошен објект, три куќи позади сенвичарата, а од спротивната страна на уништениот објект настанале оштетувања на две куќи, паркирано патничко возило „Фиат Мареа“, објект на спортска обложувалница и кафе бар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, за утврдување на причините за настанување на пожарот и експлозијата.

 
 
16.02.2016 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега