Македонските каратисти се вратија од кипар со шест медали
Агенцијата за млади и спорт организира прием за каратистите по повод одличниот успех 43-то по ред Европско првенство во карате за младинци, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа во Лимасол на Кипар.
Еден сребрен и шест бронзени медали е досега најдобриот успех на едно вакво натпреварување, ако се земе фактот дека учествуваа повеќе од 940 натпреварувачи од 48 држави.
- Остварувањето на ваквиот успех е уште еден доказ дека каратето е спорт со огромен потенцијал во Република Македонија. Изминатиов период имавме одлични резулатати на скоро сите настапи и во сите возрасни категории, што укажува на фактот дека соработката која АМС ја има со оваа федерација е од големо значаење и дека и во иднина Агенцијата финансиски ќе продолжи да ги поддржува сите настапи на Македонските репрезентативци, истакна директорот Спасески.
- На сребрениот успех на светското првенство на женскиот ката тим се надоврза и европската бронза, што го вбројува овој тим во листата на непосакувани противници. За успех на секое натпреварување покрај констатното залагање потребни се и добра среќа во ждребот, како и фер судење. Тоа се параметри кои овојпат како и многупати пред тоа не ни беа наклонети. Но и тоа не беше пречка за освојување на бронза на македонскиот женски ката тим, но и сребрен медал во машка конкуренција за Абдурахман Идризи кој е прв поединечен медал во кати за Македонија воопшто, истакна селекторот на ката тимот Златко Димовски.
На пресот свое излагање имаа и селекторот на кадетско јуниорската репрезенатација Александар Кузмановски како и селекторот на У21 Арминд Усеини кои изразија задоволство од настапот на нашите каратисти на Европското првенство во Кипар изразувајќи голема благодарност кон Агенцијата за млади и спорт која несебично ги помага настапите на Македонските репрезентативци и ги вреднува нивните постигнувања и е мотив повеќе за понатамошни залагања. За импресиите од настапот на Европското првенство во Кипар зборуваа и останатите медалисти: Моника Пендаровска, Столе Смилковски, Петар Спасеновски и Азис Исмаил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа