Украдена пушка од куќа во Прилеп
Непознат сторител одзел ловна пушка марка „СССР“ со калибар 16 милиметри од куќа во прилепското село Живово во сопственост на М.Ј.(62), која оштетениот ја поседувал со дозвола.
Како што информира МВР, во згодна прилика во периодот од 15 часот на 4 февруари годинава до вчера во 7 часот стрителот преку незаклучена врата влегол во куќата извршил пребаруравање и ја одзел пушката, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 14.000 денари.
Увид на лице место извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
07.02.2016 - 13:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа