Пола минута реклама 5 милиони долари- вечерва е најголемиот спектакл кој ќе ја остави цела планета на нозе

 

Денвер Бронкос и Каролина Пантер, предвоени од искусниот Пејтон Менинг и непредвидливиот Кен Њутон, вечерва играат за титула во НФЛ шампионатот, познатиот Супербоул.

Добар дел од целата планета вечерва после полноќ по средноевропско време ќе остане закован пред телевизорот, за во живо да го испрати најзначајното дело на американските спортски мајстори на спектаклот- НФЛ супербоул, јубилеен број 50 во историјата.

Сите очи ќе бидат вперени кон стадионот Левис во Санта Клара заради тимовите на Денвер Бронкос и Каролина Пантерс, но секако ќе има и од оние кои ќе ги интересира што на себе носела Лејди Гага и што пееле Бијонсе, Бруно Марс и групата Колдплеј на полувремето.

Според обложувалниците фаворити се Пантерси, кој во текот на цела сезона имаа само еден пораз.

Занимливости за Супербол: 

- Промотивниот спот го направија најпознатите манекенки на Викторија Сикрет, предводени од Адријана Лима.

- Пола минута реклама ќе чини 5 милиони долари, а ќе биат емитувани вкупно 10.

- ТВ Фокс, кој ги има правата за пренос на спектаклот, очекува приход од 3 милијари долари.

- Лејди Гага ќе ја пее химната на САД.

 

 

 

 
 
07.02.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега