„Имам нови вести за Шумахер и за жал тие не се добри...“

 

Поранешниот претседател на Формула 1 тимот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло рече дека здравствената состојба на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер не е добро.

„Имам новости и за жал тие не се добри“, изјавил накратко поранешниот челник на Ферари, без да открива дополнителни детали.

„Животот е чуден. Тој беше фантастичен возач и имаше само една несреќа во Ферари, во 1999 година“, додал Монтеѕемоло.

Според последните податоци, Михаел Шумахер е во својот дом во Швајцарија каде што постојано прима интензивна терапија.

Германскиот возач на 29 декември 2013 година претрпе несреќа на скијање во Франција, после која со месеци беше во индуцирана кома од која беше разбуден во јуни 2014 година, кога од Гренобл беше преместен во Лозана.

Во несреќата Шумахер претрпе сериозни оштетувања на мозокот и животот му загрозен.

Официјални информации за неговото здравје се многу ретки

 
 
05.02.2016 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега