Дамјановски тврди - претседателот на лустрациската му се заканува по живот
Денеска членот на Комисијата за верификација на фактите Чедомир Дамјановски, на прес-конференција изјави дека добивал закани по неговиот живот и неговото семејство од надворешни лица како и од самиот претседател на Комисијата Томе Аџиев.
-Со огромен ризик по личната безбедност ќе се обидам да им застанам патот на сите оние кои се обидуваат да ја уништат и разнебитат нацијата и државата, изјави на денешната прес - конференција Дамјановски кој случајот веќе го пријавил во полиција.
Дамјановски смета дека со лустрација на академиците се разнебитува македонскиот вредносен систем, се оцрнуваат стожерни имиња на нашата култура и уметност и се оцрнуваат лица кои одиграле историска улога во македонската еманципација.
ФОТО: Фактор