Стоилов и Манасков суспендирани

 

Поради прекршување на правилата на однесување, а согласно Дисциплинскиот правилник на клубот, играчите Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се казнети со двонеделена суспензија, објави денес РК Вардар.

Тие во овој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот реши истовремено и парично да ги казни.

Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле инволвирани. Било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што истите се санкционирани.

 
 
03.02.2016 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега