ВИДЕО: Солзите на Авганистанскиот Меси ќе ви допрат до срце

 

Детето кое ни покажа дека фудбалот не е само игра, Муртаз Ахмади од Авганистан, кој беше сликан со дрес од Меси направен од хартиена ќеса, конечно го доби поклонот кој толку многу го сакаше, доби оригинален дрес од ѕвездата на Барселона Лео Меси.

Од Барселона пратиле меил до Авганистанскиот фудалски сојуз, со желба Меси лично да го запознае својот голем обожавател, кој направи негов дрес од кеса. Муртаз е веќе голема ѕвеза во својата земја, а имаше и можност да се запознае со претседателот на фудбалскиот сојуз на Авганистан, кој му го поклони дресот. Авганистанскиот Меси имаше и можност да се загрева на терен со кадетска репрзентација на оваа земја.

Таткото на малиот Муртаз изјави дека тој плачел со денови за дрес, но немал можност да му купи. Дресот од ќеса му го направил неговиот постар брат.

 
 
03.02.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега