Страшна несреќа, повредени 26 лица: Се преврте автобус кај Крива Паланка

Уште една несреќа ја потресе Македонија. Утринава пет лица се тешко повредени, а 21 лице полесно, во сообраќајната несреќа што се случила при превртување на бугарски автобус на магистралниот пат Крива Паланка – Ранковце, кај селото Опила.
За среќа, сите повредени патници се надвор од животна опасност и се пренесени на лекување во болницата во Крива Паланка.
Се претпоставува дека шоферот на автобусот ја изгубил контролата, по што се превртел и удрил во дрво. Во автобусот имало 43 патници.
Се работи на утврдување на причините.
03.02.2016 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа