РК Вардар се огласи за инцидентот: Санкции за ракометарите ако се утврди нивна вмешаност
Вардар жали за вчерашниот настан за кој се тврди дека биле вмешани и ракометари на клубот, се вели со соопштението од РК Вардар.
-Како клуб секогаш сме подржувачи на спортско надигрување и фер плеј однесување, како на теренот така и надвор од него, и задржување на добриот имиџ. Играчите на Вардар попладнево го имаа редовниот тренинг, и сите ракометари кои му се на располагање на тренерот Раул Гонзалез беа во салата и ги одработеа поставените задачи. Ниту еден играч не се пожали на повреда, и целосно се посветени на следните натпревари што претстојат, се вели во соопштението.
Од Вардар додаваат дека ги следат сите случувања околу овој настан,но и дека играчите ќе дадат изјава за она за што се поврзуваат.
– Доколку се утврди вмешанот на некој од членовите на тимот, истите ќе бидат санкционирани во согласност со дисциплинскиот правилник на клубот, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа