Тешка сообраќајка во битолско - возач во критична состојба

 

Вчера во Битола на крстосницата од улицата „Прилепска“ и улицата „Гоце Делчев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Даеву Матиз“ со битолски регистерски ознаки, управуван од Т.Т. (50) од село Долно Оризари, битолско и автомобил „Ауди“ со битолски регистерски ознаки, управуван од З.З. (33) од Битола. Во незгодата со фрактура на четвртиот вратен пршлен и набиеници на главата се здобил возачот на автомобилот „Матиз“ Т.Т., кој е задржан на лекување во Медицинскиот центар во Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Сектор за внатрешни работи-Битола.

 
 
28.01.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега