Буфон ја завршува кариерата во 2018
Еден од најдобрите голмани во историјата Џанлуиџи Буфон, најави дека ќе стави крај на кариерата по Светското првенство 2018 во Русија.
Капитенот на Јувентус и репрезентацијата на Италија во четврток ќе наполни 38 години, а на Светското првенство ќе настапи со полни 40 години.
Ако можам да издржам до Светското првенство во 2018, ќе одам. Потоа ќе ја затворам вратата и ќе престанам да играм фудбал, изјавил Буфон за италијанските медиуми.
Легендата на Старата Дама сеуште e најскап голман во историјата, откако во 2001 за рекордни 50 милиони евра, премина од Парма, клубот каде ја започна кариерата, во италијанскиот великан Јувентус.
Буфон е еден од најголемите миленици на фановите на црно-белите од Торино. Тој остана во Јувентус и во најтешките денови на клубот, кога поради скандалот со наместени натпревари „Калчополи“, беа преселени во Серија Б.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа