Дибала ќе биде најдобар

 

Јувентус вчера со победата против Рома, jа запиша победата број 11 по ред. Најзаслужен за тоа беше младиот напаѓач на Старата Дама Пауло Дибала, кој го постигна единствениот гол на мечот.  Тој според неговиот соиграч Квадво Асамоа има потенцијал да стане најдобар играч во светот. Дибала до сега на 20 натпревари има 12 голови во Калчото.

„Дибала од ден во ден е се подобар и не сум изненаден што настапува во одлична форма. Тој има само 22 години и има шанси да стане најдобар играч во светот“ ,рече  Асамоа за Скајспорт

Дибала во Јувентус пристигна минатото лето од Палермо за сума од 32 милиони фунти, а претходно го има носено и дресот на Институто од родната Аргентина,

 

 

 
 
25.01.2016 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега