Четвртолигаш е спасот за Адеми

 

 Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми спасот ќе го бара во хрватски четвртолиган, откако доби максимална казна од 4 години од УЕФА, по мечот меѓу Динамо и Арсенал, каде беше позитивен на допинг тестот.

Динамо Загреб ги предаде сите документи за жалбата со која се бара намалување на казната на Адеми, но додека се чека одлуката тој ќе игра за хрватскиот четвртолигаш Костушија. Казната за четвртата по ранг лига во Хрватска не важи, бидејќи се работи за аматерска лига.

-Ние ги предадовме документите за жалбата и сега остануваме да ја чекаме одлуката. Идејата е додека чекаме, Аријан да игра во Костушија, каде би останал во каква таква натпреварувачка форма, изјави тренерот на Динамо, Зоран Мамиќ

 
 
25.01.2016 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега