Червар се огласи пред мечот Македонија-Хрватска

 

Прво играме со Македонија, кој мисли дека тоа ќе биде прошетка се излажал. Со години го водев Металург и во неколку сезони успеав од просечен тим да ги трансформирам во најдобар тим во Источна Европа, вели хрватскиот тренер Лино Червар во изјава за хрватски „Индекс“.

– Поголемиот дел од тие „мои“ играчи денеска созреаа и се многу незгодна екипа. Играат различен ракомет од нас, ги краси војничка дисциплина и фанатична борбеност. Тактички стојат одлично, истренирани се до перфекција, на нив нема да им паѓаат топки од раце како на Исланѓаните и нема да ги добиеме во првите 15 минути. Против Македонија ќе треба да крваво да работиме 60 минути и постепено да ја градиме победата. Освен Кире немаат ниту една екстра ѕвезда, но имаат тим. Македонија по петти пат во низа се пласираше на големо натпреварување. Мислам дека тоа доволно говори за нивниот квалитет, -вели Червар во анализата.

 
 
21.01.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега