Борко Ристовски се огласи за утрешниот меч

 

Македонската ракометна репрезентација ги продолжува натпреварите на Европското првенство во Полска.

Нашите ракометари немаа трансфер во нов град и нова сала затоа вечерва тренираа во помошната сала во Краков. За разлика од нас, нашиот утрешен ривал Хрватска имаше „запознавање“ со „Таурон Арена“ во Краков. Двете селекции кои ќе играат утре меѓусебе тренираа во исто време, во две сали.

Пријатна атмосфера по обезбедениот втор круг беше забележлива на тренингот на македонската репрезентација.

- Одигравме три тешки изедначени натпревари. Важно беше да се помине првиот круг. Во вториот круг ќе имаме можеби нешто полесни натпревари и ќе имаме нешто психички полесни ривали, а по дуелот со Хрватска ќе имаме и четири слободни дена и да се одмориме подобро. Хрватска со која игравме во Катар беше посилна, но сепак тоа е квалитена репрезентација. Ние ќе одиме на победа и на утрешниот натпревар, изјави голманот Борко Ристовски.

Дуелот Македонија – Хрватска утре е втор на програмата во Краков и почнува од 20:30 часот, а претходно ќе играат Франција и Белорусија од 18:15 часот

 
 
20.01.2016 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега