ФОТО: Обложувалниците ги објавија коефициентите за Македонија- Хрватска

 

Македонија е аутсајдер во дуелот со “коцкестите“. Барем ова го велат коефициентите на светските обложувалници кои со сигурност фаворитската улога и ја доделуваат на селекцијата на Хрватска.

Коефициентот за победа на Македонија изнесува нешто над 4, додека за триумф на Хрватска околу 1.35. Сепак, дека селекцијата на Жељко Бабиќ не е непобедлива покажаа Норвежаните, кои во второто коло од групата Б ја изненадија балканската селекција со 34:31.

Дека Хрватска не е тоа што беше, се чини дека најдобро покажува нивниот пријателски меч против Словенија на неколку дена пред стартот на првенството. Слекецијата на Веселин Вујовиќ, со која ние на два пати одигравме реми исто пред стартот на ЕП, ја тресна Хрватска од земја и ја понижи со резултат од 32:17.

Во тој меч, Хрватска го изгуби второто полувреме со неверојатни 18:5, а “коцкестите“ верувале или не околу 20 минути не можеа да постигнат погодок.

Утрешниот натпревар започнува во 20:30 часот.

 
 
20.01.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега