Лацковиќ: Македонците се потрошија, ќе пукнат физички против Хрватска
Едно од најголемите трансфер промашувања на Вардар, хрватскиот ракометар Блаженко Лацковиќ во своја анализа објавена во хрватските медиуми предвидува дека македонските ракометари се потрошени, како емоционално, така и физички.
„Македонија во драмата против Србија потполно се потроши, како емоцијално, така и физички. Секако, овој успех ќе ги крене, но мислам дека физички ќе пукнат. Некои играчи мораа да играат и по 60 минути и тешко дека Македонците ќе можат да се опорават. Волја ќе имаат, желба, тоа не е спорно, но…“, напиша Лацковиќ за Македонија.
20.01.2016 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа