Миркуловски: „За кого? За МАКЕДОНИЈА“
Организаторот на играта на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски по пласманот во следната рунда од Европското првенство во Полска, преку социјалните мрежи на фотографија од соблекувалната упати порака со паролата на репрезентативците „За кого? За МАКЕДОНИЈА“.
– Мислам дека денешниот натпревар беше најтежок од оваа фаза. Се водеше вистинска „војна“. Резултатот беше изедначен. Во некои моменти бевме и посреќни. Првата цел ја остваривме, ќе имаме време да се подготвиме за новите три натпревари, истакна Манасков синоќа по натпреварот.
Репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во следната рунда на ЕП во Полска, откако одигра нерешено 27:27 со Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа