Херојот Манасков се огласи: Господ ми го врати тоа што пред многу години ми го зеде
Херојот на македонската репрезентација Дејан Манасков не го криеше задоволството од ремито со Србија.
„Секако сум пресреќен што успеавме да избориме пласман во следната фаза. Некако ми е мило што успеав да ја донесам радоста за Македонија затоа што секогаш како среќата да не ме сакаше на овие големи натпреварувања. Голем товар за мене беше она промашување за победа за мене пред неколку години на првенството во Србија, а сега Господ ми го врати тоа носејќи ме до гол за голем успех“ – рече Манасков веднаш по мечот.
Тој додаде и дека поважно за него од 10-те гола кои ги постигна денеска, е големиот успех за Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа