Врие кај Србите пред мечот со Македонија
Атмосферата во таборот на српската репрезентација е сериозно нарушена откако голманот Славиша Ѓукановиќ решил да го напушти националниот тим во пресрет на дуелот против Македонија, објави спортскиот портал ЕКИПА.
-Како што јавуваат француските медиуми, тој ја соопштил ваквата одлука на стручниот штаб, порачувајќи дека си заминува за да се врати во Франција и да се приклучи на подготовките на својот клуб. Како што наведува порталот “handnews.fr”, тој се пожалил на организациски проблеми во делегацијата, а не се отфрла ниту можноста за евентуален конфликт со Дарко Станиќ, особено по двата порази од Полска и од Франција, пишува порталот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа