Станиќ пред Македонија: Голманите и одбраната пресудуваат
Поранешниот голман на Металург, а репрезентативниот на Србија пред дуелот со Македонија во разговор за БалканХендбол открива од каде им се заканува најголемата опасност и како треба да играат против Македонија.
-Опасност од сите страни би можело да се каже. Секако дека се тргнува од Кире Лазаров, тој е двигателот и ударната игла, но и останатите момци се прекрасни. Одбраната е најсилно оружје на Македонија, бидејќи тие од таму ја влечат полуконтрата и контрата со Манасков, вели Станиќ.
Против Македонија, Станиќ вели дека треба да се игра со силна одбрана, да се играат поставени и мирни напади, но да се игра и на мал резултат.
-Треба да се спречат нивните напади и контри, да се запре Лазаров и би требало работата да биде полесна, додава Станиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа