Српскиот селектор: Лазаров е вистински егзекутор

 

Нашата репрезентација против Македонија ќе излезе на терен со голема желба и мотив за победa за да остане нa големото натпреварување, вели во изјава за српските медиуми селекторот Дејан Периќ.

Според неговите зборови, нијанси ќе одлучуваат, бидејќи екипите добро се познаваат.

-Лазаров е вистински лидер на тимот, од него почнува се’, тој е вистински егзекутор. Имаат квалитетни пивоти, тука се и Мојсовски и Миркуловски, можат да одлучат детали, поединец. Борбата ќе биде на секој дел од теренот, за секој гол. На агресивната игра на Македонија ќе бидеме подготвени да возвратиме. Победата мораме да ја градиме со одбраната, вели Периќ.

Натпреварот од третото коло во групата А помеѓу Македонија и Србија се игра во вторник од 18:15 часот во Краков.

 
 
18.01.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега