Огромен скандал го тресе тенисот: Најдобрите светски тенисери местеле мечеви

 

Тајни фајлови со евиденција на наместени мечеви во елитниот светски тенис вклучувајќи го и Вимблдон, можат да бидат откриени од Би-би-си. Се работи за мечеви кои се играле во последната декада, а се сомничат 16 тенисери кои се рангирани помеѓу најдобрите 50. Еден од 16. тенисери е победник и на Грен Слем турнир. Документите кои ги поседува Би-би-си можат да покажат големи уплати од Русија, Северна Италија и Сицилија на натпревари кои се сомничат за наместени. Три од овие мечеви биле одиграни на Вимблдон. Извештајот бил направен за тениските авторитети кои во 2008 соопштија дека 28 тенисери се под истрага, но истрагата никогаш не даде резултати. Луѓе кои сакаат да останат анонимни сега целата документација им ја предале на Би-би-си и Базфид Њуз кои можат да ги објават имињата вклучени во големиот скандал. Осум од осомничените играат и на Австралија опен кој е во тек. - 

 
 
18.01.2016 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега