Протести и штрајкови ја тресат Грција

 

Од денеска до среда ќе се одржат протести и штрајкови во Грција поради очекуваното гласање во Парламентот на пакетот закони, кои предвидуваат ревизии во државниот сектор, нов даночен кодекс и други промени во замена за продолжување на финансирањето на земјата од меѓународните кредитори. 

За утре е планиран 24-часовен штрајк, свикан од двата синдиката ГССЕ и АДЕДИ, кои ги обединуваат вработените во приватниот и државниот сектор. За утре е закажан и протестен митинг во центарот на Атина со што ќе кулминираат протестите.

Од денеска до среда општинските служби во Грција ќе бидат затворени во знак на протест против предвидените намалувања на работните места во државниот сектор. Вработените во локалната власт поради овие кратења планираат протести и во другите поголеми градови во Грција. 

Гласањето на пакетот закони ќе се одржи во среда.

Инаку, Грција доби тримесечно одложување од тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за ставањето на 12.500 вработени во буџетскиот сектор во т.н. „шема на мобилност“, што значи дека тие имаат рок од осум месеци за да пронајдат работа или ќе бидат отпуштени. Грција овие кратења требаше да ги спроведе до јуни.

најчитано сега