Несреќа пред ЕП: Повреден Наумче Мојсовски

 

Искусниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски се здобил со тотрес на мозокот на вчерашниот контролен меч меѓу Словенија и Македонија.

Во последната минута од натпреварот одигран во Цеље, а кој заврши без победник, Наумче Мојсовски при еден продор кон противничкиот гол заврши на подот ударќи со главата. По укажаната лекарска помош Мојсовски мораше да го напушти теренот, а ситуацијата не му се подобрила ниту неколку часа по натпреварот.

 

- Не се чувствувам добро. Имам мал потрес на мозокот и чувствувам огромна главоболка. Се надевам дека состојбата наскоро ќе ми се подобри, изјави Мојсовски.

Овој натпревар поради здравствени проблеми го пропушти Гоце Георгиевски, но неговиот настап на ЕП 2016 не е доведен во прашање.

Каква пак е состојбата со Мојсовски останува да се види денеска, по враќето на репрезентацијата во Скопје, каде ќе остане со до заминувањето во Полска

 
 
06.01.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега