Адидас: Подобар стил на Манчестер Јунајтед

 

Извршниот директор на Адидас Хајнер со критики за стилот на Манчестер Јунајте, како и да е рече и дека е задоволен од зделката со тој фудбалски клуб.

„Договорот со Манчестер Јунајтед оди многу добро, продаваме многу повеќе дресови отколку што беше очекувано“, вели Хајнер.

„Задоволни сме, иако моментниот стил на Манчестер Јунајтед може да е подобар“, рече Хајнер за германскиот „Зидојче цајнтунг“.

Адидас и Јунајтед летото потпишаа богата зделка која што е вредна 750 милиони фунти.

Како и да е, Манчестер Јунајтед е далеку од изданијата кои што ги радуваат фановите оваа сезона.

Екипата на Луи ван Гал е петта во Премиер лигата по 20 рунди и без настап во Лигата на шампиони.

 
 
05.01.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега