Познат фудбалер пронајден мртов
Некогашниот играч на Брегот на Слоновата Коска, како и член на германска Борусија Менхенгладбах и англиски Виган, Стив Гохури е пронајден мртов близу Дизелдорф.
Уште пред три седмици беше пријавено неговото исчезнување, но телото било пронадено дури денес. За последен пат бил виден на 11-ти декември, на прославата на тимот во кој моментално играше, германскиот нисколигаш Стинбах.
Од полицијата истакнаа дека нема знаци на насилство, па сите се во очекување на што побрзо решавање на мистеријата од што починал поранешниот репрезентативец на БСК.
Во периодот од 2007-ма до 2009-та година Гохури играше за Борусија Менхенгладбах, додека подоцна во периодот од 2010-2012 беше дел од тогашниот премиерлигаш Виган.
На Твитер се обрати Дрогба, неговиот репрезентативен колега, кој напиша: „Брегот на Слоновата Коска загуби еден од своите најверни синови.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа