Компани најмалку четири недели надвор од терените
Капитенот на Манчестер Сити, Винсент Компани ќе биде надвор од теренот најмалку еден месец, бидејќи ја обнови повредата на листот, изјави менаџерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини.
Белгиски фудбалер по осум натпревари паузи се обиде да се врати минатото коло на дуелот со Сандерленд но мораше да го напушти теренот уште во 9.минута.
– Компани повторно го повреди мускулот на потколеницата, но на различен дел. Неговото враќање може да се очекува по околу четири недели, изјави Пелегрини.
Компани оваа сезона често беше повреден и одигра само осум натпревари во Премиер лигата.
30.12.2015 - 15:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа