Мурињо нов тренер на Манчестер Јунајтед?
Жозе Мурињо од следната недела ќе биде нов тренер на Манчестер Јунајтед, објавија денеска дел од шпанските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во серија од осум натпревари без побада и четири порази во сите натпреварувања. Вчерашниот загубен дуел од Стоук беше причина менаџерот Луј ван Гал да се најде на нова серија критики.
Навивачите на Јунајтед одамна го загубија трпението и сметаат дека реномето на клубот е доведено во прашање со игрите што ги прикажува Манчестер оваа сезона.
Се чека дали раководството на клубот од „Олд Трафорд“ ќе реагира прад истекот на оваа година и дали навистина Мурињо ќе го наследи холандскиот експерт на тренерската позиција.
Инаку, во текот на денешниот ден се појавија и шпекулации дека Мурињо нема да води клуб, туку дека ќе бил новиот селектор на англискиот национален тим.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа